Филипче: Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен

Македонија се уште е во борба со пандемијата на корона вирусот, а министерот за здравство, Венко Филипче порача дека доколку се почитуваат препораките, тогаш борбата ќе биде многу полесна..

„Ја следиме ситуацијата со болничките капацитети и медицинскиот кадар и на дневна основа, по потреба, правиме прилагодувања и ротации за да одговориме и на овој предизвик. 

Но, она што за нас е најважно, е поддршката на граѓаните, нивно целосно почитување на мерките и солидарност. Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме оваа состојба.

Сега кога во целост, постепено, се враќаме кон редовните животни активности, повеќе од било кога е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширењето на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top