Филипче со оптимистички пораки: Се намалува бројот на починати лица, расте бројот на оздравени

Преносливоста на вирусот во изминатиот месец е многу мала, што е позитивен знак за состојбата во земјава, смета министерот за здравство, Венко Филипче..

„R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.

Продолжува и трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денес за периодот од 27 јули до 2 август 2020 година.

ИЈЗ известува дека во дадениот период направени се вкупно 9709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 4,6% помалку од претходната недела. Во периодот на известување благо намалување има и во процентот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни)“, додава тој.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top