Филипче: Со вирусот треба да се игра топло-ладно

Мерките кои се на сила за заштита од коронавирусот ќе траат најмалку до крајот на април, а дали ќе бидат поригорозни или, пак, ќе се попуштат во однос на забраната на движење, ќе покажат анализите на состојбата, рече министерот за здравство, Венко Филипче..

„Секоја земја има автентичен пристап во однос на развлекување на кривата. Колективниот имунитет е, исто така, во моментот непознаница. Тој ќе се случи или можеби веќе се случува, но борбата ќе заврши кога ќе имаме вакцина. Мислењето на Светската здравствена организација (СЗО) е дека кривата треба да се развлече, да се игра како што велат топло- ладно. Кога кривата расте да се заоструваат мерките, кога опаѓа да се попушта во однос на рестрикциите. Внимателно ќе се следи ситуацијата и во иднина може да бидат потребни рестриктивни мерки во одредени региони, доколку, на пример, се појави можност за втора крива, како во случајот сега во Кина, која деновиве огранични влез на странци од одредени држави“, изјави Филипче.

Во односот на дилемите и различните толкувања околу употребата на маски, Филипче рече дека се придржуваат до ставот на СЗО дека вирусот не останува во воздухот и затоа на отворено, кога луѓето не се во поголеми групи, не треба да се носат маски. Кога, пак, се во затворен простор, со повеќе лица, се препорачува носење на маска бидејќи вирусот се пренесува преку капките од уста.

Целото интервју на Филипче можете да го погледнете ТУКА.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top