Филипе Кутињо – најголемо разочарување во историјата на Барса

Да не беше платен 160 милиони евра можеби критиките на негова сметка немаше да бидат толку остри..

Вака, Кутињо постојано е на удар на навивачите на Барселона кои и по Ел Класико жестоко распалија по него. 

Најскапиот фудбалер во историјата на клубот уште еднаш разочара и навивачите се едногласни дека Малком, кој едвај игра сезонава, има поголем придонес за тимот.

Сега сите со нетрпение го очекуваат враќањето на Усман Дембеле чија рехабилитација е при крај и можеби ќе се најде во составот веќе на дуелот против Атлетик Билбао.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top