Филипинската полиција уапси 500 лица за наводна онлајн-измама

Филипинската полиција соопшти дека уапсила речиси 500 лица, меѓу кои и осум израелски државјани, за кои вели дека се вклучени во онлајн-финансиска измама која опфаќала луѓе во странство, вклучително и во Австралија и Јужна Африка..

Во една од најголемите битки против антисајбер-криминалот на Филипините, шефот на полицијата, Оскар Албајалде, во средата објави дека 474 филипински работници, како и неколутемина Израелци, биле притворени по упадот во три згради во Кларк Фрипорт, поранешна база на американски воздухопловни сили северно од Манила, каде што е извршена наводна онлајн-измама.

Главниот началник на полицијата, Марни Маркос, вели дека осомничените ги намамуваат жртвите да инвестираат во странски акции во лондонска компанија, а потоа ги земаат нивните пари преку онлајн-апликација кога ќе ги добијат нивните банкарски сметки, како и деталите за кредитните картички.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top