Фон дер Лајен: Потребни се брзи преговори со Македонија и Албанија

Веднаш откако Eвропскиот совет ќе оцени дека Mакедонија и Aлбанија ги исполнуваат потребните критериуми, треба да се отворат претпристапните преговори со овие земји..

Ова го изјави новата претседателка на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, во еден од своите први јавни настапи. Оваа изјава не е изнанадување имајќи предвид дека таа и за време на трката за прв човек на комисијата и како министерка за одбрана на Германија често зборуваше дека проширување на ЕУ е процес кој не треба да запре

Јас се залагам за отворање преговори. Треба да ги отпочнеме преговорите за пристапување со земјите откако Европскиот совет ќе заклучи дека критериумите се исполнети. Ние треба да се ракуваме со овие држави, го делиме истиот континент, иста приказна, ние сме соседи, и ако ја затвораме вратата за овој регион, тие се повредуваат меѓу себе, рече Урсула Фон дел Лајен.

Оваа охрабрувачка порака на Фон дер Лајен доаѓа во моменти кога земјава активно лобира и работи во октомври да добие датум за преговори. Дополнително и на посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најавена за средината на следната недела, се гледа како дополнителен мотив и охрабрување дека треба да се донесе Законот за јавно обвинителство како последен од пакетот таканарачени реформиски закони. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top