(ФОТО + ВИДЕО) Македонци од Мелбурн на протестите во Скопје

Македонци од Мелбурн кои престојуваат во Македонија учествува на протестите организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев“..

Вчера во главниот град на Ребублика Македонија се одржаа мирни протести под мотото „За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев“.

На протестите присуствуваа неколку илјади граѓани, учество зедоа и неколку Македонци од Мелбурн, Австралија кои моментално се наоѓаат во Македонија, и тоа на фотографиите и видеата на социјалните мрежи ги препознавме Стефан Ѓоргиевски и Вера Пачешкоска-Трајкоска со своето семејство.

Гоце Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет . Ова на денешениот протест под слоганот „За Еу, За Македонија, За Гоце Делчев“ го истакна опозицискиот лидер Мицкоски.

Третиот од низата протести на ВМРО-ДПМНЕ беше помасовен од претходните. Поддржувачите на партијата протестниот марш го започнаа пред Министерството за правда, а завршија пред МНР.

На протестот се извикувапе „Или Гоце или Заев“, „Стани Гоце те продадоа“, а партиското раководство носеше маици со ликот на Гоце Делчев.

Иако се очекуваше поголеми број на присутни, сепак турболенциите околу лидерстовото ВМРО-ДПМНЕ и оние незадоволните кои се разочарани од поразот на изборите и слабоста што ја покажа Мицкоски против владата на Заев и Ахмети, за промената на уставното име на Македонија си го направија своето.





Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top