(ФОТО) Амбасадорот Веле Трпевски издејствува извинување од лидерот на опозицијата Бил Шортен

Позитивниот потег на Амбасадорот Трпевски резултираше со успех.

Во целост ви ја пренесуваме изјавата на Македонскиот Амбасадор во Канбера неговата Екселенција Г-дин Веле Трпевски.

Би сакал да ја адресирам горливата тема во македонската заедница во Австралија изминатите два дена а во контекст на големиот пропуст од страна на кандидатката на Лабористичката партија на Австралија за областа Batman, Victoria. 

Имено, на рекламните флаери доставени до гласачкото тело кои се преведени на јазиците на најголемите заедници во оваа област, меѓу кои и македонската, делот на македонски јазик е всушност напишан на грчки јазик. 

Имајќи ја во предвид сензитивноста на Македонците во однос на ова прашање, сакам да Ве известам дека веднаш стапив во контакт со раководството на Лабористичката партија, пред се Претседателот на партијата Бил Шортен, кои ме уверија дека се работи за голем но ненамерен пропуст. 

Тие изразија огромна загриженост и пред се жалење за инцидентот и притоа потенцираа дека во никој случај не се работи за политка на нивната партија и дека тие ги сметаат Македонците за интегрален и премногу значаен дел на австралиското општество и мултикултурализам. 

Во овој контекст добив уверување дека Претседателот на партијата Бил Шортен лично и јавно ќе се извини за пропустот а воедно и ќе се вклучи во кампањата на кандидатката при што ќе реализира повеќе средби со претставници на македонската заедница а во насока на надминување на негативниот публицитет кој оваа грешка го нанесе на неговата партија. 

Дополнително, на овој пост го прикачувам и писмото од Бил Шортен адресирано до мене а кое само ги потврдува горенаведените искази.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top