(ФОТО) Благовештение на Пресвета Богородица - Епархиска слава на Кумановско-осоговската епархија

Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица.

На 7 април 2016 година, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој со Одлука број 58/15 од 27.11.2015 год. е прогласен за епархиска слава на Свештената Кумановско-осоговска епархија при Македонската Православна Црква  Охридска Архиепископија

На светата Литургија началствуваше Високопреосветениот Митрополит Европски г.Пимен, во сослужение на Високопреосветените Митрополити Тетовско-гостиварски г.Јосиф и епархискиот архиереј, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, Високопреподобните игумени Фотиј, Теодосиј, Јаков, Григориј и Григориј, јеромонахот Еразмо, протојереите Грозде Мартиновски и Александар Смиљков, јереите Драган Спасовски, Ивица Трендевски, Игор Крстев, Виктор Стојчев, Георгиј Бурмузовски, Антониј Петрушевски, Дејан Апостоловски, Александар Тодоровски, Маријанчо Мадевски, протоѓаконот Вичко Гочевски, ѓаконите Кире Горгиев и Костантин Павлевски. По заамвоната молитва беше осветен славскиот колач.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор / koe.mk


Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top