(ФОТО) Дали ова е доказ дека конечно Фернандеш е на пат кон Манчестер

Од час на час се менуваат информациите за тоа дали Бруно Фернандеш ќе го напушти Спортинг Лисабон и каде ќе ја продолжи кариерата..

Манчестер Јунајтед важеше и се уште важи за изразист фаворит за потпис на Поругалецот, но денес се појави информација во која се вели дека и градскиот ривал, Сити пројавил интерес за истиот фудбалер.

Едни велат дека трансферот е пред реализација, додека други пак велат дека работата е далеку од готова, а проблемот се парите.

Но една промена на социјалните мрежи забележаа навивачите и веднаш си поврзаа. Бруно Фернандеш повеќе го нема на насловната слика на профилите на Спортинг, па има такви кои сметаат дека ова е знак за трансфер на Португалецот во Манчестер Јунајтед.


Scroll To Top