(ФОТО): ДРАМА ВО ГЕВГЕЛИЈА - Потресни солзи на немоќниот татко и неговото синче

Потресно.

Во судирите на мигрантите и македонската полиција на границата со Грација, кај Гевгелија, фоторепортерите забележаа лична драма на еден мигрант кој со малолетното синче во еден момент се најде помеѓу очајните мигранти и наоружаната македонска полиција. 

Плач на дете и татко сликовите ја отсилкува драмата која се одвива на границата со Македонија.

Со само едно кесе во едната и синот во другата рака, овој мигрант се обиде да помине низ полицискиот кордон, но го спречија штитовите на полицајците. Не успевајќи да се пробие со солзи во очите паѓа на колна, по што други мигранти се обидуваат да го подигнат и го пренесуваат на безбедна локација.

По должина на граничната линија се распоредени силни полициски сили, а е поставена и бодликава жица, со намера да се спречи влегувањето на бранот на мигранти.

На северната граница, според жители на кумановското село Табановце нема поголем наплив на мигранти откако екипите на Црвениот Крст и на УНХЦР ги поставиле монтажните објекти.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top