(ФОТО) Евакуирана железничка станица во Сиднеј поради сомнителен мирис на чад

Станицата на Сиднејската општина е евакуирана..

На патниците им соопштија дека имало „мирис на чад“, и им било наредено да ја напуштат железничката станица во Сиднеј.

Светло-црвени знаци на кои што пишува „итен случај за евакуација сега“ беа осветлени, а персоналот на станицата им кажа на луѓето веднаш да заминат.

Не е јасно што предизвикало алармот.

Пожарникарите беа пред станицата околу 14 часот.

Патот за многумина работници во Сиднеј ќе биде долг. Станицата на општинската зграда е само евакуирана, има силен мирис на чад, напиша Џон Морни на Твитер.

„Едноставно бевме евакуирани од станицата, поради силен мирис на чад,“ напиша друг патник.

Портпаролот на „NSW Transport“ изјави дека станицата била евакуирана за само три минути.

Извор: Daily Mail



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top