(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Македонка од Мелбурн го освои првото место во карате до 13 години

Уште една Македонска спортска надеж во карате спортот во Австралија..

Една од најнадежните спортски таленти од Мелбурн, Стефани Димовска го освои првото место во женска категорија во карате на VKL Kobe Osaka во Мелбурн од 12 до 13 години.

Со ова освоено прво место Македонците ширум Австралија ја дознаа веста перку социјалната мрежа Фејсбук преку нејзиниот татко Џон Димовски каде со гордост и се заблагодарува на својата ќерка и кажа дека се гордее со нејзиниот спортски дух и респектот што го покажала. 

Исто така, голема благодарност изрази и до нејзиниот тренер и инструктор Kyoshi Joseph Ielasi за неговата поддржка која и ја даде на шампионот Стефани Димовска.

Дознаваме дека во наредните 2 недели Стефани Димовска ќе патува за Нов Зеланд и ќе ја претставува Австралија во натпреварувањето за Океанија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top