(ФОТО) Гласилото на Јуве знае: Добредојде, Роналдо!

Торинскиот спортски весник Тутоспорт на својата насловна страница денеска го објави трансферот на Кристијано Роналдо..

„Добредојде, Роналдо“, пишува весникот кој многумина го сметаат за гласило на Јувентус бидејќи и најголемите тајни прв ги објавува.

Според изданието, останува уште официјално да биде објавено и Роналдо да пристигне во Торино. Дибала, Матуиди, Пјаниќ и останатите се во еуфорија и подготвени да му приредат топло добредојде на португалскиот ас.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top