(ФОТО) Грчката заедница во Мелбурн ќе протестира за името Македонија

Протестот ќе се одржи овој викенд пред грчката амбасада во Мелбурн.

На социјалните мрежи се шири флаер каде организаторите од грчката заедница ги повикуваат грците кои живеат во Мелбурн и пошироко да присуствуваат на мирниот протест кој ќе се одржи оваа недела во 1.30 часот по ручек.

Oвие протести се совпаѓаат со денот кога во Солун грците ќе го искажат својот револт против терминот „Македонија“ кој што го употребува Република Македонија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top