(ФОТО) Игуменот Гаврил отслужи литургија во Рокдејл, Сиднеј по повод „Успение на Пресвета Богородица“

Во храмот посветен на Светата маченичка Петка..

Во 10-та Недела по Педесетница, 28.08.2016 год., кога го славиме споменот на Успението на Пресвета Богородица, отец Гаврил отслужи литургија во Рокдејл, Сиднеј, во храмот посветен на Светата маченичка Петка.

Црквата беше претесна за да ги собере сите верници. Повеќе од 500 верници дојдоа да го прослават овој голем христијански празник, а голем дел од нив и се причестија.

Пресвета Богородица, која и по своето Успение на небесата, не не' остави нас на земјата, нека со нејзините молитви ни помогне и во овие ветровити времиња да се зачуваме и да ги исчисти сите нечистотии во нашата и нејзина Црква!


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top