(ФОТО) Македонската заедница претставена на парадата на денот на Австралија

Австралија го прослави националниот празник Денот на Австралија 26 Јануари..

По тој повод ширум Австралија се организираа низа манифестации меѓу кои најпознати се парадите во големите градови.

Денес во центарот на Мелбурн се одржа традиционалната парада на која продефилираа над 80 етнички заедници кои живеат во Австралија меѓу кои и Македонската заедница предводена од Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија.

На почетокот се интонираше химната на Австралија и беа прочитани реферати по повод празникот, а говор одржа и Премиерот на Викторија.

Пред политичкиот врв на Викторија, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени и обични луѓе продефилираа голем број на етнички групи од целиот свет кои живеат во Австралија и ја прават уникатна и единствена оваа земја.

Ова е доказ на соживот на повеќе од осумдесет нации во една држава.

Австралија е пример за мутикултура, единство мир и хармонија.

И покрај таа палета од различности во поглед на националност и религија овде владее неверојатена хармонија, мир и меѓусебно почитување.

Македонците кои секоја година се дел од овој голем настан и оваа година со гордост продефелираа на парадата гордо веејќи ги Македонското национално и државното знаме на Република Македонија.

Од страна на организаторот гордо беа именувани како Македонци и претставници на Македонската заедница од Мелбурн и Викторија.

Македоците овде во Австралија уште еднаш покажаа дека се гордеат со своето потекло и достоинствено не претставија пред највисокиот врв на Викторија.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top