(ФОТО): Мукоски влезе на распит во Кривичниот суд

Тој рече дека според него нема правна основа за одредување мерка притвор..

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, пристигна на распит во Кривичниот суд, каде што ќе даде исказ за случувањата во Собранието на 27 април.

Мукоски е обвинет дека на 27 април и помогнал на толпата граѓани да влезе во Собранието, со отворање на вратите од Парламентот.

По исказот на 6-те осомничени пратеници, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски, Судот ќе решава дали ќе им одреди мерка притвор

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

a1он


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top