(ФОТО) Нови фотографии од свадбата на Бранџелина

Познатите списанија мораа да ги здружат силите за да платат два милиони долари за најбараните фотографии на светот.

Една недела откако Анџелина Џоли и Бред Пит се венчаа магазините „People“ и „Hello“ осамнаа со насловни страници од венчалната церемонија.

Познатите списанија мораа да ги здружат силите за да платат два милиони долари за најбараните фотографии на светот, а сега пристигаат и новите фотки, кои беа објавени во внатрешните делови на списанијата.

Обожавателите на Бранџелина се воодушевени од интимната атмосфера на свадбата која 23 август се одржа во Шато Миравел во Франција.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top