(ФОТО) Одбележан македонски национален празник Илинден во Перт, Западна Австралија

Македонците во Австралија со гордост се присетуваат и ги одбележуваат Македонските национални празници.

Со свечена академија и богата културно- уметничка програма Македонската општина на Западна Австралија го одбележа претстојниот македонски национален празник Илинден.

Одбележувањето започна во дворот на црквата „Св. Никола“ во Перт, со панихида за паднатите борци за слободата на Австралија и Македонија, а пред споменикот на паднатите борци венци положија македонските преживеани борци, организации и здруженија. 

Од име на Република Македониа венец положи почесниот конзул Зоран Ќосески.

Поздравдравни говори пред присутните гости одржаа Филип Пеов и Стојче Јаковчески.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top