(ФОТО) Официјално симнато државното знаме на Република Македонија и поставено Македонското национално знаме во Аделаид

Денес на фејсбук страната наидове на текс од СМК каде пишува за Македонската Заедница за Аделаид и Јужна Австралија денес го одржа својот вонреден митинг..

Мајкл Радин, претседателот, заедно со заменик претседателот, Трајче Милошевски и најстариот 96-годишниот во таа општина, Ристо Јанкоф, еден од првите кои ја формираа Македонската Општина за Аделаид и Јужна Австралија во 1947 година денес официјано одлучија да се спушти од јарболите постојано знамето на Република Македонија и на негово место да биде поставено Македонското национално знаме со Македонското сонце.

Македонската заедница за Аделаид ги отфрла сите форми на капитулација и културен и етнички геноцид врз македонската нација, ја отфрли владата на Заев поради преименувањето на Република Македонија во Северна Македонија, против волјата на македонскиот народ и го отфрла западното одобрување на Преспанскиот договор. Во говорот тие кажаа дека ја отфрлаат Преспанската спогодба со која се негира постоењето на малцинствата во окупираните делови на Македонија и неговата македонска дијаспора. Говорот заврши со отфрлање на минатата, сегашната и секоја понатамошна капитулација на македонскиот идентитет и дека македонската заедница во Аделаид ќе остане цврста под македонското сонце.

Државното знаме на Репбулика Македонија беше отстрането, а Македонското национално знаме беше поставено на јарболите на емотивната церемонија од постариот Ристо Јанкоф во присуство на 50 Македонци.

Овој потег беше очекуван затоа што многу малку организации во Австралија го користат Македонското државно знаме.

Со потегот на промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија, сега се очекува Македонците во дијаспората да ги заострат односите со актуелната власт посебно во Макеоднските дипломати. 

Не е ислучена можноста Македонската заедница во Австралија да организира протести и пред Македонските конзуларни претставништнва во Мелбурн и Канбера, а кој ќе го поенсе товарот организатор на тие протести, останува да видиме наредниов период.

Фотографии: Џули Корби



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top