(ФОТО): Пазар на моми за мажење - за цена од 2.500 до 5.000 евра

Овој спечифичен фестивал се организира со генерации наназад..

"Пазарот на моми за мажење" е специфична манифестација на бугарските Роми која се одржува неколку пати годишно во малото место Стара Загора.

Потенцијалните невести провокативно се облекуваат, шминкаат и го прават најдобрите фризури за да го привлечат вниманието на момчињата кои би можеле да станат нивни мажи. Овој спечифичен фестивал се организира со генерации наназад. 

Народот познат и под името Калаиџи традиционално за живот заработува од собирање на бакар, а во ова мало место каде што живеат околу 18.000 Роми, тешко се живее, а овој пазар за нив не начин да заработат.

Како изгледа сето тоа?

Се почнува со танц, а момчињата и девојките стојат во две одвоени групи, а само повремено се ракуваат или одмеруваат едни со други.

Девојките долго се подготвуваат, ја облекуваат најубавата облека, се шминкаат и го ставаат најубавиот накит. Околу нив кружат момчињата, чии семејства на овој начин сакаат да им најдат поволно невести.

Нивните родители стојат во позадина и набљудуваат, а доколку нивното дете најде адекватен партнер, почнуваат преговорите за тоа колку семејството на младото момче мора да плати за да ја добие девојката.

Цената на невестите е помеѓу 5.000 и 10. 000 лева, односно помеѓу 2. 500 и 5.000 евра, но со оглед на тоа дека се помалку има работа последните неколку години, така паѓа и цената на девојките. Секоја година овој фестивал е се поскроме, но цените се уште се зголемуваат за убавите девојчиња со многу додворувачи.

Ваквите манифестации се ретки прилики во кои момчињата и девојчињата можат да се дружат и да зборуваат, бидејќи во оваа заедница владеат строги конзервативни правила.

Калаиџи кои се православни, неретко своите ќерки ги отпишуваат од училиште кога ќе наполнат 15 години за да ги тргнат од искушенија.

Извор - Вечер


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top