(Фото) Погледнете ексклузивни слики од снимањето на најновиот спот на Елена Велевска!

Eксклузивни слики од снимањето на најновиот спот на Елена Велевска..

Нашата најпозната македонска пејачка Елена Велевска, која од пред извесно време официјално е дел од бугарската музичка продуцентска куќа "Пайнер", каде што за новогодишната ноќ за прв пат ја претстави својата најнова песна „Погледни ме за край“ со тв-верзија, пред неколку дена сними и спот за неа.

Песната која брзо успеа да го привлече вниманието на публиката е дело на Роберт Билбилов, кој се погрижи за феноменалната музика и нејзиниот аранжман, додека пак текстот е дело на Огнен Неделковски. Во неодамнешниот разговор со нас, Елена откри неколку детали околу снимањето на новиот спот, кој ќе биде за неколку дена премиерно прикажан на Планета Тв во соседна Бугарија, откривајќи дека тој се снимаше во хотел „Изгрев“ во Струга, во соработка со Томато продукција.

Покрај многубројните ангажмани и подготовката за турнејата во Австралија, таа успеа да сними и спот за народната песна „Една е мајка“ во соработка со In TV, кој исто така ќе биде претставен наскоро, но и да запише дует со нејзиниот колега Борис Дали.

„Целта ми е како пејачка да го обединам Балканот со песни, затоа во мојот репертоар ќе има македонски, бугарски, српски, дури и грчки мелодии. Барам нешто различно, модерно и се стремам кон балканската сцена“ – сподели Еленаза нас.

Во прилог, ви претставуваме ексклузивни слики од снимањето на спотот за песната„Погледни ме за край“.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top