(ФОТО) Протестираа проститутките во Лондон!

Актерот Руперт Еверет во средата бил во Лондон за да им даде поддршка на проститутките кои протестирале против прогонот од Сохо, црвената населба во самиот центар на Лондон..

"Мислам дека не треба да бидат иселени за да може овде да доаѓаат богати странци кои бегаат од данок и го претворат Сохо во уште една населба без душа", изјавил Еверет.

Актерот кој моментално го подготвува својот документарен филм за проституцијата, дошол да снима и да ги поддржи своите пријателки кои протестирале низ населбата, ден по затворањето на неколку станови во кои работеле.

Иако британскиот закон забранува јавни куќи во кои работат повеќе од две проститутки, не забранува плаќање за сексуални услуги, потсетила членката на англиското здружение на проститутки, Ники Адамс.

Проститутките од Сохо тврдат дека сами работат во своите станови, со помош на рецепционерите и домаќините кои се грижат за финансиите и за интервенција во случај на недоразбирање со клиентите.

Според зборовите на Бел Вокер, поранешна проститутка, Сохо за неа е сигурно место за работа. "На друго место девојките редовно ги вознемируваат, а во Сохо овој бизнис не се крие. Бизнисот тука носи пари и сите во населбата имаат корист од тоа.", рекла таа.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top