(ФОТО) Се продава луксузната куќа на Сара Џесика Паркер во Њујорк

Куќата, која се наоѓа во предградието Гринвич вилиџ се протега на 630 метри квадратни, има 5 спални соби, 7 камини и приватна градина со балкон..

Познатата актерка Сара Џесика Паркер, која стекна светска слава со серијата „Сексот и градот“ ја продава својата куќа во Њујорк.

Куќата, која се наоѓа во предградието Гринвич вилиџ се протега на 630 метри квадратни, има 5 спални соби, 7 камини и приватна градина со балкон. Главнаѕа спална соба има прекрасен поглед од огромната тераса.

Исто како и нејзиниот лик Кери Бредшо од култната серија, така и Паркер во својот дом поседува гардеробер кој зафаќа 2 ката.

Прекрасниот дом, кој се наоѓа во мирниот дел на градот, се продава за неверојатни 22 милиони долари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top