ФОТО: Со лонец на глава се сликал за лична карта

Според реакцијата, општината во Брно не смеела да дозволи таква фотографија на привремената лична карта на граѓанинот, кој се претставува како припадник на наводна „пастафаријанска" вера, јави дописникот на МИА од Прага..

Чехот Лукаш Нови, кој успеал во своето барање за лична карта да се слика со цедалка на глава, со објаснување дека кујнското помагало е негово верско обележје, предизвика реакција од Министерството за внатрешни работи во земјата.

Според реакцијата, општината во Брно не смеела да дозволи таква фотографија на привремената лична карта на граѓанинот, кој се претставува како припадник на наводна „пастафаријанска" вера, јави дописникот на МИА од Прага.

- Сметаме дека толкувањето на Градското собрание во Брно не било целосно точно. Можеле да сфатат дека пастафаријаните не се официјално регистрирана верска асоцијација во Чешка, објаснува портпаролот на чешкото МВР, Павел Новак.

Пастафаријанството е основано од Американецот Боби Хендерсон во 2005 година како сатиричен протест против образовниот Совет на Канзас, кој дозволи во училиштата да се предава за создавањето на светот како алтернативна еволуција. 

Припадниците на ова „верување“ сметаат дека Универзумот е создаден од летачки монструм во вид на шпагета. 

Иако пастафаријанството не е признато како религија во Чешка, сепак Чехот немал проблем да се слика со цедалка за шпагети на главата.

- Доволно беше што дојдов во општината пред крајот на работното време и што изјавив дека цедалката ја носам од верски причини. Не ме ни прашаа за каква религија се работи, опишува Нови, кој за неколку дена стана познат и чија фотографија ја пренесоа повеќе светски медиуми.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top