(ФОТО) Спектакуларен концерт на Саша Матич во Мелбурн

Саша Матич ја крена публиката во Мелбурн на нозе.

Популарниот пејач Саша Матич одржа спектакуларен концерт во Мелбурн вчеравечер.

Салата на „The Heritage bar“ во Епинг, Мелбурн беше преполна, а влезниците беа предвреме распродадени..

Срдечната и расположена публика и одличната атмосфера на концертот во беспрекорна организација на организаторите “Star Video Production”  и еден од најуспешните музички менаџери во Австралија Хамдија Беширевич ги надмина сите очекувања.

Публиката ги пееше песните на Саша заедно со него и тоа од збор до збор, што е показател колку е популарен овој пејач во најегзотичната земја Австралија.

Ова беше максимално успешна турнеја на Саша Матич во Австралија од каде ќе се врати со убави спомени и секако публиката ќе го очекува повторно да се врати и да им приреди уште добра забава.

Погледнете дел од атмосферата на концертот во Мелбурн низ фотографии.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top