(ФОТО) Срам и брука кои не чинат 2. милиони евра: Македонија повторно не влезе во финалето на „Песна на Евровизија“!

Дефинитивно треба да се стави крај на ваквите организации на претставување. Ако не можеме, ако немаме идеи или нека се смени тимот или нека се престане со бруката….

„После поразот сите се генерали!“ па така и кај нас после првата полуфинална вечер на „Песна на Евровизија“ и настапот на „Ај Кју“ со „Загубено и најдено“…

Фејсбук гореше од коментари и тоа не најчесто – туку сите беа негативни. Секој од прв до последен кој постираше имаше негативни критики за учеството на МРТ на евровизискиот музички натпревар…

Но, негативностите не започнаа од синоќа кога по којзнае кој пат се посрамивме пред Европа и светот…

Срамот започна со нетранспарентниот избор на песната која ќе не претставува.Повторно жирито „прескокна“ истакнати музички познавачи, луѓе кои ги следат трендовите…Но, тоа и не е важно кога тие што „ја избраа“ оваа песна очигледно се или без слух или се научени да работат по команда…

Тоа и’ некако помина а потоа потполн молк – се’ се работеше тајно. Тоа можеби и ќе го разберам, во интерес на проектот, но да се нема слух за информирање на јавноста за секој потег поврзан со проектот „Песна на Евровизија“ е бесмислен или едноставно – луѓето не знаат. Но, повеќе дека не ги интересира кој што мисли туку тие си терат по зацртаното.

МРТ нема никакви информации на нивната официјална страна…Сиве овие месеци немаше ништо освен неколку написи од турнеите на „Ај Кју“ во рамките на редовните евровизиски промо турнеи…

Тоа и не е важно.

Важно е дека синоќа македонските претставници изгледаа бедно и за жалење. Како да залутале на онаа огромна, модерно опремена сцена…

Претходно имаа проби, можеа да видат што се случува, што прават другите. Не се сеќавам во некоја од македонските делегации да одел режисер кој ќе го осмислеше тв настапот – технички, кој ќе ги искористеше можностите кои ги нуди евровизиската сцена.Не може да бидеме изненадени што нуди салата кога за тоа постојат информации…

Дефинитивно сме некаде заглавени во времето…со децении наназад..во време кое од денешните тв дејци е одамна заборавено…

Некој спомна дека само котизацијата за учество е 150.000 евра, друг спомна 200. илјади…а ако се соберат годините наназад тоа се многу големи пари (Се’ се ова информации од луѓе кои истражувале бидејќи официјано од јавниот сервис нема ништо)…кои се фрлаат во вода без да се направи нешто добро. Не мислиме на пласман во финалето, или далеку било победа – немаме каде да организираме ваков настан, туку достоинствено да се претставиме…

Да не бидеме „мизерија бевме синоќа“, „бива ли секоја година да сме дно“,„какви настапи имаше“, „и да немаме тимови“…ми напиша добар пријател кој и не гледа многу телевизија.

Но, ова, настапот на македонскиот претставник на „Песна на Евровизија“ го гледа секој кој има тв приемник дома, сепак станува збор за национално претставување…

Сето време додека беа пробите се истакнуваше кореографијата (не ми е јасно што толку вежбале, кога ништо не се виде освен некакво трчкање по сцената поради што нашата пејачка остана без здив и потоа следеа фалшови)…И една наша оперска пејачка прво реагираше за фалшовите…

На „Песна на Евровизија“ е непростливо да се направи фалш. Непростливо…Можеби и мене ми е непростливо што трепнав и не видов кога нашата пејачка се соблекла…Детал веќе многу пати виден на Евровизија.

Извор: Екран


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top