(ФОТО) Стигнаа новите фотографии од Марс- сондата InSight работи

Сондата InSight, која успешно слета на Марс прати нови фотографии од Црвената планета..

Откако на 26 ноември го допре Марс , сондата испрати неколку фотографии. Но, на нов не се гледаше јасно површината на Марс и работењето на сондата.

Новите фотографии , кои се снимани последните неколку дена и ги објави НАСА , прикажуваат како InSight почна со работата на ископување и истражување под површината на Марс.

Се гледаат соларните панели , од каде се полнат батериите на сондата , како и функционирањето на роботската рака.

Сондата фотографира со помош на апратот Instrumental Deployment Camera (IDC), сместен на роботската рака , меѓу лактот и зглобот на раката.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top