(ФОТО) Трамп ѝ го возврати ударот на претседателката на Конгресот поради блокадата на владата

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ порача на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси дека нејзиното патување во Белгија, Египет и Авганистан е одложено поради делумната блокада на владата која трае од 27 декември..

„Поради блокадата на владата, жал ми е што морам да ви порачам дека вашето патување во Брисел, Египет и Авганистан е одложено“, напиша Трамп во писмото до Пелоси. „Ќе направиме нов распоред за вашето седумдневно патување кога ќе се симне блокадата на владата“.

Не беше веднаш јасно на кое патувење мисли Трамп. Законодавците често не ги објавуваат своите службени патувања од безбедносни причини.

Претседателката на Претставничкиот дом вообичаено користи воен авион за прекуморските патувања и врз основа на тоа Трамп, како врховен командант на оружените сили, очигледно има право да дејствува.

„Тој ја одложи можноста за нејзино користење воен авион, што мора да биде одобрено“ од министерството за одбрана, кажа портпаролката на Белата куќа Ненси Пелоси.„Како што објасни во писмото, таа може да патува, но со комерцијални летови“.

Пелоси во средата преку писмо му упати на Трамп предлог поради блокадата на владата да го одложи своето годишно обраќање до нацијата, традиционалниот говор во кој претседателот на САД ги истакнува целите на администрацијата за претстојната година.

Пелоси претходно вчера кажа дека не добила одговор од Белата куќа, односно дека Трамп не ѝ одговорил на предлогот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top