(ФОТО) Тројца Австралијани уапсени во Србија со дрога вредна повеќе од 500 милиони американски долари

Српската полиција уапси тројца австралиски државјани осомничени дека се дел од меѓународна група за шверц со дрога..

Во соопштението на полицијата се наведува дека мажите "се поврзани со" откривањето на 1280 килограми кокаин кои што беа запленети во април минатата година на кинески брод во Сиднеј, Австралија.

Тие велат дека дрогата вредела 500 милиони долари.

Полицијата објави снимки од апсењата што се случија во фоајето на хотел во Белград.

Исто така, беше прикажана торба исполнета со банкноти од странска валута, а полицијата соопшти дека апсењата биле извршени за време на "предавање на пари".

Либански државјанин беше уапсен и обвинет за фалсификување лични документи.

Српските власти велат дека апсењата биле извршени во соработка со австралиската полиција.

Австралиската федерална полиција веќе девет месеци работел со српските власти за да ги стави овие лица во притвор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top