(ФОТО) ВИКТОРИЈА ГОРИ: Над 700,000 хектари зафатени од пожарите

Премиерот Даниел Ендрус доцна во четвртокот навечер прогласи вонредна состојба бидејќи кризата со огнот на Викторија се влошуша..

Огромниот пожар им дава на властите моќ да принудат евакуации и запленат голем број на имоти зафатени од пожарите.

Во пожарите во источниот дел на Гипсланд е потврдена мртта на уште едно лице, при што се очекува дека бројот на загинатите значително ќе се зголеми. Постојат сериозни стравувања за 17-те лица кои во четвртокот вечерта се наведени како исчезнати.

Властите информираа дека неделава биле уништени 381 куќи на јужниот брег на Нов Јужен Велс, а најмалку осуммина настрадале во таа и во соседната сојузна држава Викторија, каде што во моментот горат повеќе од 200 пожари, од кои 47 се „надвор од контрола“.

Огромни пожари во северо-истокот на Викторија и јужниот дел на Нов Јужен Велс се oчекува да се спојат за неколку дена, бидејќи температурите ќе се искачат над 40 степени и се зголемуваат северните ветришта, создавајќи пекол.

Четири илјади луѓе се заробени во Малакута, гратче во државата Викторија околу 500 километри источно од Мелбурн, откако бегајќи пред огнот побарале спас на плажите. Градот со илјада жители е популарна туристичка дестинација која во лето привлекува илјадници посетители. Во истиот град е потврдено дека засега се изгорени 10 куќи.

Околу 1000 луѓе ќе се качат на „HMAS Choules“ во петок на 16-часовно патување, најверојатно во Порт Велспул во Јужен Гипсланд.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top