(ФОТО) Заменик претседателот на MOYA др. Ананија Ананиевски се сретна со министерот Адеми

Во Скопје се официјална оствари средба помеѓу заменик претседателот на Македонската православна младина на Австралија (MOYA) др. Ананија Ананиевски и Министерот за дијаспора во Владата на Р. Македонија г-дин Едмонд Адеми..

Вчера, на ден 18. 07. 2018 заменик претседателот на Македонската православна младина на Австралија (MOYA) др. Ананија Ананиевски во просториите на Министерството за дијаспора оствари средба со Министерот за дијаспора во Владата на Р. Македонија г-дин Едмонд Адеми.

На средбата се отвориле повеќе теми поврзани за дијаспората, со особено внимание на проблемите со кои се соочуваме во Австралија и Нов Зеланд.

Доколку се потрудиме сите заедно - заради нашата единствена Татковина можеме да изградиме мост и да ги премостиме несогласувањата, кои се наталожиле низ времето и тоа преку соработка, проекти, кои се од заеднички интерес за напредок и доброто на нашата Македонија.

Во пријатна атмосфера во просториите на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, директорот Никола Шалваринов имаше можност да оствари средба и конструктивен дијалог со Ананија Ананиевски заменик претседател на Македонската православна младина на Австралија и соработник при Австралиско-сиднејската епархија.

На оваа средба Ананија Ананиевски одблиску го запозна директорот на Агенцијата за иселеништво со состојбата на македонските иселеници, особено на младиот човек на Австралискиот континент.

Директорот Шалваринов се заблагодари за барањето за оваа средба и посочи дека е голема честа и задоволството да се соработува со успешни млади лица. Агенцијата за иселеништво и понатаму ќе соработува и ќе даде поддршка на сите иселеници и иселенички организации кои се залагаат за промоција на македонската историја, култура и јазик во земјите кои живеат.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top