(ФОТОГАЛЕРИЈА) Градоначалникот на Охрид цела вечер помагаше на Пресека

Дека Охрид успешно се справува со снежното невреме е доказ Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески кој од синоќа до утрово активно учествуваше во расчистување на последиците од невремето кое го зафати охридскиот регион и цела Македонија....

Македонија е под снег. Ако во Скопје граѓаните имаа проблем со движењето со своите автомобило поради неичистените улици, замислете како беше во остатокот на нашата држава. Дека Охрид успешно се справува со снежното невреме е доказ Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески кој од синоќа до утрово активно учествуваше во расчистување на последиците од невремето кое  го зафати охридскиот регион и цела Македонија.

По налог на градоначалникот Бакрачески беше свикан кризниот штаб и беа мобилизирани сите надлежни служби, јавните претпријатија и противпожарната единица кои веднаш  со своја механизација  активно ги расчистуваат градските и приградски патишта.  Сите градски улици од синоќа се чисти, но снегот кој постојано врне повторно ги покрива со снег. Чистењето без прекин се уште трае.

Синоќа градоначалникот Бакрачески ги посети  и сите здравствени институции во Охрид, Општата Болница, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ и  Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, кои работат непречено и сите пациенти се добро згрижени.

Имено  механизација од општина Охрид беше вклучена во  расчистување  на патот кон превојот Пресека. Во конвојот  беше   и градоначалникот Бакрачески  кој се вклучи во расчистување на патот  и евакуација на лицата кои се наоѓаат во завеаните возила.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top