(ФОТОГРАФИИ) Делегација од Република Македонија во посета во Мелбурн

Народно информативно конслултативно собрание во Мелбурн по повод наредните Претседателски избори оваа година..

Делегацијата која деновиве беше во посета на Австралија беше составена од преставници од Владата, Собранието, партиски преставник и претставник  на локална самоуправа.
Македонската државна  делегација ја претставуваа: Марјан Ристески - градоначалник на општина Прилеп, Љупчо Трпевски - член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, Милорад Додевски пратеник во Македонското собрание и Горан Торбаков советник во Владата на Република Македонија задолжен за инвестиции од дијаспората.

Денес во Фераро Ресепшн се одржа народно консултативно собрание на кое делегацијата имаше средба со присутните и уште на самиот почеток беше приреден добар пречек.

Гостите од Македонија беа преставени пред присутните од Генералниот Конзул на Република Македонија - Бети Коруновска.

Прв говор одржа Градоначалникот на Општина Прилеп - Марјан Ристески кој е доста познат меѓу Македонците во Мелбурн и ги запозна истите околу мисијата на делегацијата а воедно излезе со свое излагање како треба да се гласа на престојните Претседателски избори, кој може да гласа, и воопшто кои се условите и начинот да се дојде до поголема излезност на гласачкото тело на следните избори во месец април.

Се дојде и до делот каде присутните поставуваа прашања а членовите на делегацијата им одговараа на истите. 

Меѓу присутните имаше и некои кои ја критикуваа работата на двајцата преставници од делегацијата - Мики Додевски и Горан Торбаков.

Крајниот рок за пријавување за да можете да гласате е 7ми март 2014.

На крајот на средбата се направија неколку заеднички фотографии со присутните, можете да ги погледнете овде...


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top