(Фотографии) Најмакедонска свадба во Мелбурн за 2013 година - се венчаа Гоце и Маријана Наумовски

Весело и незаборавно.

Македонците во Австралија ја негуваат традицијата и обичаите, така беше и вчера на свадбата на Гоце и Маријана Наумовски.

Уште во раните утрински часови започна свадбата со звуците на гајдата, зурлата и тапанот, допатуваа кумот и деверот, роднините и пријателите на домајќините  Васко и Дивна Наумовски.

Веселите звуци на Групата Медена, пеачот  Ѓорге Атанасов и мајсторот на дувачки инструменти Панче Здравков се слушаа надалеку и тоа беше една од причините свадбарите да имаат и своја публика - комшиите од  соседните улици љубопитно го следеа настанот.

Веселбата продолжи со ора и песни, со адетот каде се месеше „сваќата“, зетот го бричеа, невестата ги даруваше гостите, се заигра невестинското оро на чело со невестата и кумот итн.

После тоа следеше ручекот, пристигнаа лимузините за главните гости а едната привлече повеќе внимание - Хамер лимузина за 18 патници.

Гостите заедно со младоженците се упатија до Македонскиот Православен Храм „Св. Никола“ во Престон.

На самиот влез ги пречека Протереј - Душко Спиркоски кој го изврши чинот венчание на младите во традиционален Македонски православен стил кој траеше околу еден час.

Следеше групно фотографирање на сите присутни пред храмот а младоженците се упатија за фотосесија во Паркот во Кобург.

Вечерта во Гранд Нерет Ресепшн над 350 гости ги пречекаа гостите од главната маса каде започна веселбата и траеше до касно до ноќта.

Мора да напомениме дека ретко каде во Мелбурн може да се присуствува на ваква Македонска свадба каде се запазуваат сите Македонски традиции и обичаи , каде може да се игра и пее само Македонски  во стилот кој го имаше таа вечер и секако дека највеселите гости на таа вечер свекорот Васко, деверот Пеце Наумовски (светски шампион во карате) беа највеселите на таа вечер и дадоа се` од себе веселбата да биде на ниво секако тоа ги чинеа илјадници долари бакшиш.

Од раните зори до касно до крајот на свадбата задолжен за бајракот беше Саше Наумовски братот на зетот Гоце кој беспрекорно  си ја изврши својата задача.

На свабата присуствуваа гости од други места во Австралија меѓу кои и од Сиднеј.

Наша должност и чест беше да сликаме на денот на свадбата и со задоволство ви ги преставуваме фотографиите од овој настан овде....


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top