(Фотографии): Школата за млади лидери денеска и утре организира ИСЛАА викенд

ИСЛАА викенд.

Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери денеска и утре организира ИСЛАА викенд, што опфаќа одржување на едукативен семинар и спортски активности.

Денеска претставниците на четирите генерации на Школата за млади лидери проследија предавања поврзани со лидерството, бизнисот и волонтаризмот. 

Учесниците на ИСЛАА викендот се вклучија во хуманитарната акција за донирање на храна, како дел од активностите на невладината организација „Банка за храна“. 

За во недела е предвидено одржување на натпревар во куглање. 

Инаку, Школата за млади лидери е проект инициран од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. 

Школата е воспоставена по неговото стапување на функцијата и се одржува на годишна основа. 

Досега беа организирани четири интензивни тренинзи за лидерство под покровителство на претседателот Иванов, во Охрид – вo 2010, 2011, 2012 и 2013 година.

Повеке фотографии погледнете овде


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top