(Фотографии) Активности на Министерот Попоски во Торонто и Отава

Министерот Поповски оствари повеке значајни средби.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, пред да замине за Отава, вчера размени мислења со претставници на македонски организации, меѓу кои и такви кои имаат мандат да се борат за почитување на човековите права. Во Торонто Министерот се сретна и со Том Калдвел, поранешен претседател на Торонтската берза.

Министерот Попоски потоа во Отава беше почесен гостин на прием организиран во негово име со Групата за пријателство со Република Македонија во Парламентот на Канада, каде домаќин му беше Претседателот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела. 

“Нашиот разговор е зајакнат од блиските релации на нашите две земји и ме остави оптимистичен за можностите за уште поголемо зајакнување на тие врски”, извести Кинсела.

На средбата беше заклучено дека постои взаемен долгорочен интерес за понатамошно интензивирање на политичкиот дијалог помеѓу Република Македонија и Канада, како и за натамошно унапредување на билатералната соработка во повеќе домени, особено на економски план и на планот на привлекување на канадски инвестиции во нашата држава. Во тој контекст, беа разгледани можностите за унапредување на договорната правна рамка помеѓу двете држави. 

Претседателот на Сенатот ја пофали и македонската заедница во Канада за големата улога која тие го имаат во канадското општество – “Синови и ќерки на Македонија учествуваат активно во изградбата во Канада како држава” – како и храброста на македонските војници во Авганистан кои го чуваат главниот штаб на ИСАФ.

За време на средбата, особен акцент беше ставен на обезбедување на уште позасилена поддршка на претставниците на Парламентот на Канада за што поскоро ефектуирање на поканата за членство на Република Македонија во НАТО.

Министерот Попоски исто така се сретна и со Министерот за имиграција и државјанство на Канада, Крис Александар, кој ја потенцираше добрата организација и влијателно општествено учество на македонската заедница во Канада.

Министрите Попоски и Александар разгледуваа можности за олеснување на визната либерализација, особено за млади луѓе, со што би им се олеснило добивањето на визи на македонски студенти кои би сакале да студираат и работат во Канада. 

Повеке форографии погледнете овде:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top