(Фотографии): Доделени наградите на меѓународната изложба на иновации МАКИНОВА

Министерот Спиро Ристовски денес присуствуваше на МАКИНОВА..

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска присуствуваше на доделувањето на наградите и признанијата на најуспешните пронаоѓачи, идеи и иновации на меѓународната изложба на иновации МАКИНОВА. Честитајќи им на учесниците тој рече дека станува збор за презентација, изложба, промоција на иновативните активности на младите, на учениците, но и на компании, иноватори, кои се занимаваат со исклучително благородна и креативна активност.

„Како министерство и Влада ќе продолжиме со политиките за унапредувањето на научно-истражувачката и иновативната дејност,развојот на техничко-технолошкиот напредок на Република Македонија преку поддршка на иновативни проекти кои ќе обезбедат зголемување на конкурентноста и квалитетот, а крајна цел на целиот тој процес да биде развој на општеството“, рече Ристовски.

Министерот додаде дека е донесен Закон за иновациска дејност, и дека во постапка е формирање на иновациски фонд, кој ќе биде посебно тело кое ќе го поддржува развојот на проекти од аспект на иновативната дејност. Во следниот период исто така ќе се соработува со здруженија и поединци кои сакаат да дадат свој придонес во иновативниот развој на земјата со што ќе се работи на промоција на ваквите активности, од што корист ќе има целото општество. Ристовски посебно ги истакна активностите на учениците од основните и средните училишта и додаде дека овој процес ќе биде редовна активност во насока на зголемување на мотивацијата кај сите ученици да се занимаваат со иновативна дејност.

Претседателот на Сојузот на автори на технички иновации на Република Македонија, Влатко Стоилков, рече дека на МАКИНОВА годинава има 103 експонати од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговија и Хрватска, а меѓу нив има и наградувание дела на младите учесници.

Повеке фотографии од настанот погледнете овде:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top