(ФОТОГРАФИИ) Еве како изгледа снежниот автопат кај Пресека?

За тоа придонесува недостатокот на струја и неичистените патишта и автопати, кои го оневозможуваат нормалното функционирање на граѓаните во тој период..

Западна Македонија е целосно под снег и делува како да е отсечена од светот. Откако пред две вечери снегот буквално се натрупа на места и до еден метар, Кичево, Охрид, Дебар и Струга останаа во зимска идила која е далеку од пријатна и бајковита. За тоа придонесува недостатокот на струја и неичистените патишта и автопати, кои го оневозможуваат нормалното функционирање на граѓаните во тој период.

Како што јавуваат надлежните, сообраќајот е нормализиран. Погледнете како е утрово таму: 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top