(ФОТОГРАФИИ): ХАОС ВО БЕЛГРАД - Шешељ го запали Хрватското знаме

Шешељ пред толпата го запали хрватското државно знаме..

Пред хрватската амбасада во Белград во моментов е хаос, пренесува српски Блиц.

Голем број на полициски службеници се обидуваат да воведат ред против нервозните приврзаници на Српската радикална партија и нејзиниот лидер, Воислав Шешељ, кои се собраа во Белград, како реакција на одбележувањето на воената акција Бура и протерувањето на над 220.000 краински Срби.

Шешељ пред толпата го запали хрватското државно знаме.

Полицијата не му дозволи на Шешељ да одржи говор на страната на улицата во која е зградата на хрватската амбасада во Белград.

Сообраќајот на улицата во која се наоѓа амбасадата е запрен, а полициски кордон не им дозволува на следбениците на радикалите да дојдат до зградата.


Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top