(Фотографии и Видео): Во Штип панахида за Тодор Александров

Панихида во чест на Тодор Александров..

Голем број на граѓани на Штип денес во организација на Здружението на граѓани почитувачи на делото на Тодор Александров, ја одбележаа 89-годишнината од смртта на овој голем македонски револуционер и некогашен лидер на ВМРО. 

Бројни делегации положија цвеќе на спомен плочата која се наоѓа во Ново Село, откако претходно во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се оддржа панахида за Александров. За прв пат на Александров му се поклони и Јохан Тарчуловски.

На панахидата и пред спомен плочата се поклонија, Министерот за Образование и Наука, Спиро Ристовски, поранешниот Министер за надворешни работи Антонио Милошоски, градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, Пратеникот Трајче Димков,претседателот на Советот, Влатко Миташев, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и други.

Пред спомен плочата зборуваше Тоше Ристов, еден од првите претставници на ВМРО-ДПМНЕ кои децении наназад започнаа со одбележување на ликот и делото на Тодор Александров.

Морам да кажам дека ова ни е 18-та година и сега е многу полесно. 

Кога ќе се види оваа маса на луѓе, како од година во година има се поголем број на Македонци кои го славата делото на Александров, мило ми е што започнавме со оваа традиција. 

Не беше лесно, бидејќи во тие времиња имавме многу опструкции. Но мислам дека Александров, како роден штипјанец, човек кој потекнува од Штипско Ново Село, и човек кој ги спроведувал идеалите на ВМРО за слободна и независна Македонија, ја заслужува секоја почит.

Делегациите положија цвеќе во знак на спомен, без при тоа да го коментираат присуството на претставници на бугарското ВМРО, кои пред нив беа на спомен плочата на Александров, на покана од ВМРО-Народна партија од Македонија.

По панахидата, градоначалникот Захариев и Министерот Ристовски заминаа во населбата Македонка каде во тек е реконтрукција на училиштето.


Повеќе фотографии од настанот погледнете овде:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top