(Фотографии) Игранка на МКУД Александар трети Македонски во Вереби

Обединети за каузата културата и нацијата.

Македонското Културно Уметничко друштво „Александар Македонски трети“  од Вереби денес настапи во црковната сала при црквата „Св. Злата Мегленска“ која за прв пат е подновена и изгледа прекрасно благодарение на донаторите и управата на ова друштво.
На почетокот настапија двете групи на играорната група „Александар Македонски“ а потоа настапи естрадната музичка звезда - Благојче Стојановски Туше кој неуморно работи во естрадата и почесто го има на сите континенти.
Гостите беа задоволни од настапот на Туше и очекуваат што поскоро да се организира концерт со Туше во нареднава година.
Сакаме јавно да дадеме една благодарност за активноста на Претседателот на друштвото „Александар Македонски“ -  Јане Мавчев кој максимално се залага оваа играорна група да постигнува успеси.
Погледнете  ги фотографиите од настанот тука...


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top