(ФОТОГРАФИИ) Илинденски Фестивал 2018 во Мелбурн

И оваа година се одржа традиционалниот Илинденски Фестивал на Македонските културни уметнички друштва во Мелбурн..

Во Мелбурн се одржа централната прослава по повод Македонскиот национален празник Илинден. 

Во Bellagio Reception во Епинг федерацијата на културно уметничките друштва по 32-ри пат до организираше овој културен настан каде учество зедоа следните Македонски културно уметнички друштва: „Александар Македонски - трети“, „Никола Карев“, „Танец“, „Светлост“, „Илинден“ и „Бисер.“

Вечерта беа присутни над 350 гости кои го следеа настапот на младите Македонци кои ја негуваат Македонската култура и традиција во далечна Австралија. 

Гостите ги поздрави претседателот на ФОМКУД Коста Колевски, програмата ја водеше Ицо Најдовски, а присутните ги забавуваше групата бисер на чело со Лубе Трајковски.

Текст: Ицо Најдовски - Перин,
Фотографии - Никола Неделковски



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top