(ФОТОГРАФИИ): Инаугуративно обраќање на претседателот Иванов

Бев и ќе останам претседател на сите граѓани, независно од тоа за кого гласале..

По втор пат ја преземам функцијата претседател на Република Македонија, со должност и обврска да бидам еден за сите. Да дадам сè од себе за државните интереси, за интересите на сите македонски граѓани.

Должност пред народот и обврска пред самиот себе е да го исполнам дадениот збор. Да го исполнам она што е напишано во изборната програма. Да ги остварам јасните цели и заедничката визија на сите граѓани. Визија за тоа во каква Македонија сакаме да живееме и каква Македонија сакаме да им оставиме на нашите потомци.

Политиката отсекогаш била стремеж за заедничко општо добро, за подобро утре на народот. Секој живее во надеж дека ќе се живее подобро и подобро. 

Како граѓани на Република Македонија мора да знаеме:

Таа надеж и тој стремеж ги наследивме од нашите предци.

И кога беа поробени, тие се стремеа кон слобода.

И кога беа обесправени, тие се стремеа кон правда.

И кога други им ја кроеја судбината, носејќи одлуки за нас без нас, тие не ја изгубија надежта дека еден ден нивните потомци сами ќе носат одлуки за својата сегашност и за својата иднина, рече претседателот Иванов во своето Инаугуративно обраќање во Собранието на Република Македонија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top