(Фотографии): Ќе се гради нов училиштен објект на ОУ Григор Прличев

Поставен камен темелникот на ново училиште..

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска присуствуваше на поставување камен темелник на новиот објект на основното училиште „Григор Прличев“, во општина Гази Баба. 

Во новата зграда која ќе биде со површина од 2 000 м2, настава ќе следат околу 450 ученици. 

Капацитетот може да се зголеми, со оглед на фактот дека постои можност за доградба на уште еден кат.

Вредноста изнесува 72,5 милиони денари, средства обезбедени од општина Гази Баба и Светска Банка. Рокот за изградба е 18 месеци.

Повеке фотографии погледнете во галеријата


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top