(Фотографии) Лабористите и посакаа добредојде на Конзулот - Бети Коруновска во Мелбурн

Во чест на државниот празник Лабористите организираа средба со Бети Коруновска.

По повод Македонскиот државен празник - Денот на Македонската Револуционерна Борба, Лабористите од Викторија им приредија добредојде на Генералниот Конзул од Македонскиот Конзулат - Бети Коруновска.

Домаќинот на овој настан Викториската пратеничка од Лабористичката партија (Работничка Партија)  Мерлин Каироуоз која е преставик на Коророит на самиот почеток ја пречека Бети Коруновска и и посака добредојде во Австралија и воедно  посака и успешна работа.

После закуската говор одржаа Мерлин Каироуз  која истакна дека е многу благодарна што многу македонци се членови на лабористичката партија и  се долгогодишни активисти на партијата која бележеше успех во своето владеење во минатиот период.

На денот беа присутни преставници од повеќе Македонски пензионерски групи, и преставници на задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Мелбурн на чело со Претседателот Џими Котевски, како  и преставници од адвокатската фирма Maurice Blackburn Lawyers кои беа донатори на закуската на тој ден.

Генералниот Конзул на Република Македонија во Мелбурн г-ѓа Бети Коруновска говорите ги одржа на Англиски и на Македонски јазик.

Покрај делот што се однесуваше на големата благодарност до организаторите за честа што и ја приредија, таа им  го честита денот на Македонската Револуционерна Борба на присутните Македонците за што доби и голем аплауз.

Како и вообичаено до сега Бети Коруновска наидува на слатки „проблеми“ - присутните без да се сликаат со неа  не и дозволуваат да си замине од настанот па и овој пат таа не изостави да им ја исполни нивната желба.

Погледнете ги фотографиите од настанот овде...




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top