(Фотографии) Македонски фестивал за храна 2013

По втор пат Македонски Фестивал за храна - Мелбурн 2013.

Македонците во Мелбурн - Австралија имаа чест да присуствуваат на вториот по ред Македонски фестивал за храна 2013 кој се одржа во Вилиамстеон .

Со традиционалните македонски народни иструменти, кавалот, гајдата, тапанот започна фестивалот и се означи почетокот на програмата за таа манифестација.

Официјален говор одржаа Генералниот Конзул - Бети Коруновска од Македонскиот Конзулат на Република Македонија во Мелбурн.Ендро Елсбури, Петар Даикос и Ацо Талевски.

Меѓу присутните беше Претседателот на Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија г-дин Роберт Трајчески.

На самиот ден присутните испробаа специјалитети од македонската кујна како на пример: бурек, мазник, кифли, тиганици, сарма, тулумби, и воопшто други специјалитети од македонските штандови за храна.

 Повеке фотографии од настанот погледнете тука.





Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top