(ФОТОГРАФИИ) МОЈА одржа изложба на азбуките Глаголица и Кирилица по повод Св. Кирил и Методиј

МОЈА во саботата на 25-ти Мај одржа изложба на азбуките Глаголица и Кирилица во библиотеката во Томастаун..

Оваа изложба се фокусира на делата и животот на Свети Кирил и Методиј. Животот на овие светители се слави секоја година во православниот календар на 24 мај, како основачи на "Глаголицата и Кирилицата" и просветители на словенеките народи. Оваа изложба го претставува јазикот на Македонскиот народ и нивното наследство преку репрезентации на животните дела на светителите, илустрации, презентации и читања.

Во присуство на настанот беше советничката Мери Лалиос од Витлси, а исто така на темата зборуваше и Архимандритот Гаврил Галев. Помладите членови на младинската организација пееја песни и рецитираа од нашите православни црковни текстови.

Архимандритот Гаврил Галев објасни повеќе за животот на Светителите и за нивната работа во создавањето на Македонската азбука. Тој објасни дека Глаголичките букви го прикажуваат најсовршениот графички систем од антички времиња се до денес. Секоја буква е знак и има свое име - збор со симболично значење. Знаците се состојат од три елементи. Крст - знак на спасение, круг - знак на совршенство и единство и триаголник - знак на Светата Троица.

Глаголицата е типично црковно писмо, измислено за црковни потреба, а со тоа вдахновено и благословено од Бога преку свети луѓе. Ова писмо е свето писмо затоа што во него нема никакви вулгарности, туку се е одмерено и според Бога. На пример, првите девет букви-знаци формираат реченица со значење: "Јас знам преку светото писмо и говорам како е чесно да се живее на земјата." Исто така, друга значајна порака се состои во зборот Љубов. Структурата на зборот Љубов е базирана на согласките, ЉБВ - Људие Бога Ведует - што значи "Оној што љуби го познава Бога".

Cоветничката Мери Лаилос, исто така, зборуваше и изјави дека во последните 200 години, Абориџинските јазици во Австралија сѐ повеќе исчезнале, будејќи не биле пренесени од генерација на генерација. Токму затоа мора да се вложат повеќе напори за зачувување на сите јазици, така што тие не се заборавени. Јазикот е составен дел на заедницата, општеството и културата и е незаменлив.

Ви препорачуваме да одите и да ја видите изложбата ако веќе не сте го направиле тоа. Има многу да се научи од нашето минато и има смирувачко чувство кое треба да се постигне од самите букви, секоја од нив сама по себе е уметничко дело. Сите уметнички дела беа рачно изработени од страна на членовите на МОЈА, а изложбата ќе биде отворена за сите членови на јавноста во текот на месецот Јуни. Изложените цртежи се достапни за да се купат, а исто така доколку имате желба може да се нацртаат букви по ваше барање. Сите финансиски средства што се собрани ќе се искористени за младинска организација и идни проекти кои младината ги организира.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top