(ФОТОГРАФИИ) Морбиден Вевчански карневал: Изживување над мртво куче и бодење живи кокошки на вила?!

Kучето било мртво (не се знае дали како резултат на овој морбиден чин или претходно било мртво), за на крај да го фрлат во огнот. Исто така, сведоците ни потврдија дека и живи кокошки биле бодени на вили и усмртувани..

Денеска Македонската јавност е згрозена од однесувањето на неколку лица на популарниот македонски фестивал - Вевчанскиот карневал, каде мртво куче било наденето на стап, шетано низ селото и на крај било фрлено во оган. Стотици наши граѓани го осудија овој морбиден чин на социјалните мрежи, каде се бара и казна за сторителите. Погледнете го целиот извештај кој беше денеска објавен на фан страницата Anima Mundi на Facebook.

Анималиа, Охрид- Љубители на животни (меѓу кои и малолетни деца!) ни пишаа за случката на која биле сведоци. Имено, денес на карневалот во Вевчани, неколку момчиња на околу 20 години на стап имале наденато куче (најверојатно хаска или германски овчар кое било испуштено и кое било хрането од лица љубители на животни) и го удирале, и тоа не само тие, туку кој ќе стигнел. Кучето било мртво (не се знае дали како резултат на овој морбиден чин или претходно било мртво), за на крај да го фрлат во огнот. Исто така, сведоците ни потврдија дека и живи кокошки биле бодени на вили и усмртувани.
Како Здружение за заштита на животните, но и како морални, осетливи човечки битија, крајно сме згрозени од овој морбиден чин. Замолуваме институциите да постапат согласно Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон и да го истражат овој случај, за кој најверојатно има и видео запис и слики.
Која ли траума и мачење е тоа за животните? Која ли траума за посетителите на овој традиционален настан, меѓу кои и многу дечиња? Што сака со овој „маскенбалски чин“ да се постигне и дали е ова дел од традицијата човечна? Како ли може да се исмејува нечија смрт? Е тоа човечно? Е зарем ова културен чин кој треба да биде промовиран од владата на РМ и министерството за култура?
Апелираме и психолози сериозно да го испитаат менталниот склоп на овие личности, со оглед на тоа што ова е само предепизода на манифестирање насилство врз луѓето (впрочем, истражено е дека грото од злосторниците пред да прибегнат кон убиство на некој човек, претходно имале малтретирано животинки)
И да, некој мудар човек (Питагора) одамна рече: Се' додека се убиваат животинки, ќе се убиваат и луѓе. И да знаете дека не згрешил!
Уште еднаш, апелираме овој случај да биде сериозно разгледан и осветлен, а злосторниците соодветно казнети.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top